Руско МО: Руската војска во Украина заплени голем број преносливи противвоздушни ракетни системи

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во „специјалната операција“, како што ја нарекува инвазијата на Украина, руските војници заплениле голем број лесно преносливи противвоздушни ракетни системи од различни типови. Ова денеска пред новинарите го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

„Во текот на успешните офанзивни операции против украинските националисти, руските војници запленија голем број лесно преносливи противвоздушни ракетни системи од различни типови“, рече Конашенков.

Како што појасни генерал-мајорот, сега се проверуваат сериските броеви на противвоздушни ракетни системи за да се утврди земјата добавувач од Источна Европа. Според Конашенков „националистичкиот режим во Киев создава долгорочна закана од терористички напади врз цивилни авиони кога неконтролирано дистрибуира лесно преносливи противвоздушни ракетни системи испорачани од САД и европските земји. Според него, со овие системи Киев ја загрозува безбедноста на цивилните авиони.

Back to top button
Close