Руското МО соопшти за 89 загинати војници во нападот врз Макаевка

Бројот загинати во нападот врз зградата во која се наоѓаа руски војници во Макаeвка во источна Украина се искачи на 89, соопшти синоќа руското Министерство за одбрана.

„Бројот на нашите соборци – маченици достигна 89″, рече генералот Сергеј Сервриуков во видео-изјавата објавена од руското Министерство за одбрана, осврнувајќи се на нападот на украинските сили извршен на новогодишната ноќ.

Тој објасни дека телата на загинатите се пронајдени во урнатините.

„Во моментов комисијата води истрага за околностите”, рече Сервриуков, посочувајќи дека војниците користеле мобилни телефони на локација во домет на непријателот, што е забрането.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти за 63 убиени војници во нападот извршен за време на новогодишната ноќ, кога е ракетиран објектот каде биле сместени војниците во Макеевка, град под руска окупација во источниот украински Донецк.

Киев тврди дека бројот на жртвите е далеку поголем, со неколку стотини загинати.

Во Русија вчера се одржаа комеморации за убиените војници. Нивната смрт предизвика шок и поттикна бран критики насочени кон воените власти

Back to top button
Close