Руте: Унгарија, поради законот за ЛГБТ заедницата, нема што повеќе да бара во ЕУ

Холандскиот премиер Марк Руте денеска, по пристигнувањето на седницата на Европскиот совет во Брисел, изјави дека Унгарија, „со својот закон според кој се дискриминира ЛГБТ заедницата, нема што повеќе да бара во Европската унија“.

„За мене тие (Унгарците) веќе нема што да прават во ЕУ, но јас не одлучувам сам. Има уште 26 земји“, рече Руте и додаде дека ЕУ е „заедница на вредности “.

Во средината на јуни, унгарскиот Парламент донесе закон со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетници.

Лидерите на 16-те земји-членки на ЕУ, во пресрет на самитот во Брисел, денеска апелираа да се почитуваат „основните вредности“ на Унијата.

Back to top button
Close