САД ја поздравија британската програма Глобален режим за санкции против корупцијата

САД ја поздравија Велика Британија за воведување на програмата Глобален режим за санкции против корупцијата, напоменувајќи дека „тоа го засилува партнерството меѓу двете земји во борбата против корупцијата и незконските финансики трансакции“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент. 

-Корупцијата го поткопува владењето на правото, ја ослабува довербата на граѓаните во нивните власти, го отежнува економскиот развој и го потпомага меѓународниот криминал и прекршителите на човекови права, истакна државниот секретар Ентони Блинкен. 

Глобалениот режим за санкции против корупцијата ги засилува напорите на Велика Британија во справување со корупцијата на глобално ниво и се адаптира на тековните американски иницијативи за подобрување на способноста за соработка и координација на слични санкциски програми во однос на човековите права и корупцијата како Глобалниот акт Магнитски, се наведува во соопштението.

 -Заедно со Британците и со другите сојузници и партнери, ќе бараме да ги промовираме наште заеднички вредности и слични инструменти. Корумпираните актери и нивните помагачи нема да имаат пристап до нашите финансиски системи, изјави Блинкен. 

САД се надеваат на продолжување на партнерството со сите влади и граѓански општества кои го мислат истото – заштита на човековите права, борба со корупцијата и промоција на одговорно и добро владеење, се вели во соопштението.

Back to top button
Close