САД ги осудуваат Русија и Северна Кореја за меѓусебното снабдување со оружјe
САД имаат визуелни докази за испораките на оружје од Северна Кореја за Русија и денеска повторно ги осудија дејствата на Пјонгјанг со снабдување на Русија со воена техника и намерите на Русија да испрати ловци, опрема за балистички ракети и друго оружје на Северна Кореја.
Според Стејт департментот, во изминатите недели Северна Кореја ја снабдила Русија со над 1.000 контејнери воена техника и муниција. Оттаму неделава објавија снимки што покажуваат транспорт на контејнери со бродови од Северна Кореја до Русија.
САД ги осудуваат провокациските дејства со снабдување на Русија со воена техника „што ќе биде употребена за напади на градовите на Украина, убиство на мирни жители и продолжување на незаконската војна на Русија“, изјави денеска претставник на надворешнополитичкиот орган на САД.
-Продолжуваме внимателно да ги следиме секои дополнителни доставки на оружје од НДРК за Русија, изјави претставникот.
САД исто така се загрижени од поради помошта што Русија ја дава на Северна Кореја. Во замена за помошта за Москва, Пјонгјанг се надева да добие од Русија воена помош како ловци, ракети земја-воздух, оклопни возила и материјал и опрема за производство на балистички ракети.
Како одговор на ова, САД и сојузниците презедоа низа чекори како санкции против физички и правни лица кои помагаат во склучувањето договори за продажба на оружје меѓу Русија и Северна Кореја.
Од Стејт департмент истакнуваат дека овие поставки се во директна спротивност на низа резолуции на СБ на ОН.
САД и понатаму продолжуваат да ги разобличуваат обидите на Русија да се снабди со оружје од НДРК и сите други земји кои ја помагаат нејзината војна, и продолжуваат со воената поддршка за Украина за нејзина самоодбрана, соопшти претставникот.