САД го гранатираат Курти
Мерсел Биљали
Мегаломанијата во почетокот прави да блеснете, а потоа на твоето чело ќе ја наслика целта со црвена боја! – вели една изрека.
Посебниот емисар на Трамп за специјални состојби во светот – Ричард Гренел, со тешка артилерија го гранатираше косовскиот премиер Албин Курти, дека „тој не е кредибилен партнер за САД“ и дека „меѓународната заедница е обедината против него“. Што остана од него ќе видиме во наредниот месец. Во официјална објава на Стејт Департментот се вели дека – „Речард Гренел има многу пријатели во Косово, Албанија, Србија и целиот регион. Администрацијата на Трамп ќе работи во целиот регион за мир, но ни требаат доверливи партнери.
Владата на Албин Курти, не била доверлива ниту во првиот мандат на Трамп, ниту во текот на Бајденовиот мандат“. Изгледа Курти ја барал среќата таму кај што сите други ја изгубија!
Републиканци и Демократи цело време го критикувале Курти поради своеглаво преземање дејствија „за дестабилизација на регионот„. Ваков жесток напад од најсилната држава на светот, ниту во сон не би посакувал ниеден политичар, и тоа на само пет дена пред изборите во Ковово. Факт дека САД го формирале Косово како држава, но Курти од само нему познати причини перманентно градел анти-американска политика, до ниво да претходниот американски државен секретар Блинкен да го нарече „наивен“, што е нешто незапамтено во дипломатска комункација.
Сега се поставува прашањето, зошто токму сега се објавува ваква изборно-убивствена пресуда?
Одговорот е дека Курти, кој често постапувал спротивно од американските позиции, често знаел да изјави пред јавноста дека е во близок контакт со западните „стратешки“ партнери. Со тоа тој ги убедувал и тие луѓе кои не ја одобрувале таквата негова игнорантска комуникација со најсилната држава на светот, која по своја логика треба да биде стратешки партнер на САД. Сега, со ваква официјализирана изјава на Гренел, Курти е „црвена мета“ на тешката американска артилерија, од која никој до сега се нема спасено. Ако човек секој ден стои на работ од провалијата и гледа во неа, еден ден и таа ќе погледне во него. Со измама на јавноста дека тој е во невидлива врска со САД, и дека неговите спротиставени (па и навредливи) изјави, се само за неука јавност, тој сега ризикува да ја загуби власта дури и со добивање избори. Неговиот коалициски капацитет е испод нула!
Треба да се знае дека во САД, без оглед на разликите што ги имаат двете американски партии меѓу себе, тие многу внимаваат во континуитетот и долгорочните интереси на нивната држава, вклучително и на тоа како лидерите на другите држави комуницирале со претходните американски претставници и институции, без оглед на тоа која партија била на власт. Се сеќаваме кога активисти на ДПМНЕ ределе посмртни фотографии од амбасадорите на САД, на ЕУ, и на некои други држави, откако лидерот Никола Груевски ги обвини пред ДИК за мешање во внатрешни работи.
Партиските спротиставувања се сржта на демократијата и политичкиот натпревар, но некаде има една црвена линија која не сме да се прегази, оти од таму кај што завршуваат нечии државни интереси, почнуваат нечии страдања. Демократите и Републиканците имаат бројни разлики и спротиставувања меѓу себе, но секое игнорирање или навреда на американски институции скапо се плаќа, оти не даваат да се наруши авторитетот и достоинството на тие институции. И тука не постои толеранција.
Сега е фрлена „разорна бомба“ во дворот на Курти и на неговата партија. Никој на Косово нема да може тоа да го третира како „лично мислење“ на Гренел, бидејќи човекот е директно назначен од Трамп. И само нему му одговара. Тој пред јавноста нема свое „лично мислење“. Тоа е веќе став на Трамп и Стејт департментот. Башка што моќта на Гренел е исклучително голема во Белата куќа.
Да потсетиме дека Курти постојано и со години го напаѓал Гренел со помош на свои поддржувачи го етикетирал како „просрпски настроен“, иако знаел дека дека тоа во САД не функционира така. Таму можете да ги користите пријателите за идеи, насоки или предлози, но ставовите се градат врз основа на детална и компетентна анализа. Погрешната политика Курти, Косово го доведе до лоши односи со САД и со целиот Запад.
Треба да го имаме на ум дека за разлика од администрацијата на Бајден кој знаел да ги толерира до одредена мера малите држави кои се американски природни сојузници, очекувајќи нивно отрезнување, кај Трамп таква толеранција нема. Примерот со ЕУ, со Канада, со Мексико, со Панама, го потврдуваат тоа. Сега е сосема јасно дека оваа администрација нема да работи во стилот „земи или остави“, туку „земи и поклони се“!
Скопје направи тежок престап со Додик!
Без оглед кој поканува, кога средбата добива официјален третман (присуство на домашен премиер, министри), тоа во детаљи се програмира. И за говорите се координираат. Но, кај нас Додик напраави жив џумбус. Човекот кој никој во светот не го кани за ништо освен кога самиот патува за Русија, ние го каневме несвесни дека од циркузант со државата можете да правите жив циркус. И глупав. За жал, некој мислел дека е добро да се покани токму најизолираниот човек во Европа како некаков ексклузивен покровител и главен патрон и авторитет на прославата „Свети Сава“, и да седат заедно со премиерот Мицковски! Тој со својот „примитивно-екстравагантен“ настап, за час државата ни ја претвори во „полски тоалет“.
Никој што има грам ум во главата, не може да разбере што барал кај нас човекот кој е во двојна американска и англиска црна листа (геноцидна и коруптивна). Башка што него никој никаде не го кани и од државите членки и нечленки на ЕУ! А ние го каниме со сите нишани (дури и државни), со своето ентитетско знаме! Со тоа организаторот, (и не сама тој), не само што го прекрши меѓународното право оти навредувал друга држава (БиХ), туку газел и низ чувствата на многу овдешни луѓе на кои најмногу ги боли негираниот геноцид. Дваета дела се казниви и по нормите на меѓународното право, а најмалата казна е протерување на говорникот од државата. А не како ние – поканување, навредување, па потоа и славење богато по локали!
Зборувајќи за конфликтот во Украина, Додик не кажа дека: „Рускиот претседател Путин направи се за да ги одбрани руските национални интереси во вистински момент и во вистинско време… но, Русија мораше да не и дозволи на НАТО да биде во близина на нејзините ресурси“! Затоа, „мораме да се свртиме кон себе, кон нашите најблиски луѓе, кон нашите браќа…“ – кажа тој пред државното и верското челништво во Скопје.
Во ситуација кога гори во двороровите на Лондон, на Берлин, на Парис, и на цела Европа и пошироко, ние си играме улога на будала со туѓа, ама и со наша судбина! Европа и светот мака мачат како да најдат некаков мал илзез од ваквата тешката состојба, ние лудачки уживаме пред илузорни огледала. Исто како она глупавата мачка по името Херкулез, која пред такви илузорни огледала се чувствувала дека е силен Тигар!
Убаво ни кажа Додик, додека ние трчаме по Европа, „а токму оваа Европа е таа што најмногу се посрамоти во Северна Македонија, која направи многу отстапки и малку доби од таа Европа. И еден ден ќе треба да застанеме и внимателно да размислиме дали треба да продолжиме по овој пат“, рече тој. „Лажат кога зборуваат за геноцид тие се лажговци„! Тој го заврши својот говор со зборовите „Да живее Македонија! Да живее Србија! Да живее Република Српска! Да живее братска Русија“. Да не верува човек на своите уши! Само лудаците и децата ја зборуваат голата вистина. А тие што ќе ја слушнат не се разликуваат многу од нив.
Но, тоа е само лебедова песна, оти „големиот брат“ веќе е прочитан во Србија, и деновите веќе му се бројат. Српски млади и деца го сватија тоа што возрасните не можеле или не сакале! Вучиќ, веројатно макотрпно го одложува еднонасочното патување од Србија за да види дали можеби ќе има некаков надеж по средбата Трамп-Путин!
А ние продолжуваме да ја пееме лебедовата песна и тогаш кога на сите им се плаче!