САД го продолжија рокот за MOЛ да го купи НИС до 22 мај

Групацијата МОЛ ќе има уште два месеца да преговара со руската компанија „Гаспромнефт“ за купување на мнозински удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), соопшти попладнево најголемата унгарска енергетска компанија.

Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (ОФАК) го прифати барањето на МОЛ за продолжување на рокот за завршување на тие преговори до 22 мај, се вели во соопштението. Претходниот рок беше до денеска – 24 март.

Одложувањето на рокот им овозможува на сите страни да го склучат договорот врз основа на принципиелниот договор за продажба на НИС, постигнат во јануари 2026 година, и им дава можност на американските финансиски надзорни институции да учествуваат во процесот, додаде МОЛ.

Трансакцијата ќе треба да биде одобрена од српската влада. Компанијата преговара со ADNOC од Обединетите Арапски Емирати.

НИС е значајна за целиот економски живот во државата, а нејзиното функционирање е загрозено поради американските санкции за руската војна во Украина, кои се во сила од октомври 2025 година, по осум одложувања.

Доколку договорот се постигне и одобри, унгарската компанија ќе преземе 56,15 проценти од сопственоста на НИС, која моментално е во сопственост на руски компании – Гаспромњефт поседува 44,85 проценти од акциите, а фондот PJSC Intelligence поседува 11,3 проценти.

Владата на Србија има удел од 29,9 проценти.

Во март, ОФАК ја продолжи лиценцата за работа на Српската нафтена индустрија до 17 април.

На почетокот на 2026 година, НИС почна да набавува и преработува нафта, а Рафинеријата Панчево, повторно е во функција.

МОЛ е основана во 1957 година како национална компанија за нафта и гас со седиште во Будимпешта, а од 1 октомври 1991 година работи под сегашното име.

Нејзината моментална пазарна вредност е речиси осум милијарди долари, работи во повеќе од 30 земји и вработува повеќе од 25.000 луѓе, според веб-страницата на компанијата.

На Балканот, присутна е во Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.

Покрај земјите од Централна и Источна Европа, MOL работи и во Египет, Ирак, Казахстан, Азербејџан и Пакистан.

Back to top button
Close