САД го укинува задолжителното ковид-тестирање за патниците во авионите

САД го укинува задолжителното тестирање за ковид-19 за патниците кои со авион доаѓаат во земјата, соопшти денеска Белата куќа.

epa09936642 US President Joe Biden announces that 20 internet companies have agreed to reduce costs for low-income Americans in the Rose Garden of the White House in Washington, DC, USA, 09 May 2022. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

По појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година.

Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали примиле  вакцина или не.

Наредбата за задолжително тестирање за ковид истекува в недела во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центарот за контрола и превенција на болести утврдил дека тестовите повеќе не се неопходни.

Американската агенција ќе ја проценува потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки подвид на вирусот.

Back to top button
Close