САД и Британија воведуваат санкции против руски олигарси, меѓу нив и еден од најбогатите Руси

Белата куќа најави нови санкции против руските олигарси, а како што пишува Си Ен Ен, тоа е нов обид на американскиот претседател Џо Бајден да го спречи рускиот колега Владимир Путин и неговата инвазија врз Украина.

На новиот список на санкционирани се наоѓаат пријатели на Путин и членови на нивните семејства, кои ќе бидат отстранети од американскиот финансиски систем, нивниот имот во САД ќе биде замрзнат и блокиран, соопшти Белата куќа.

Станува збор за осум членови на руската елита, а меѓу нив е и еден од најбогатите во Русија – Алишер Усманов. Нему ќе му бидат блокирани и неговата супер-јахта и приватен авион, објави Си Ен Ен.

САД ќе го санкционираат и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кого Белата куќа го опишува како „најголем продавач на пропагандата на Путин“.

– САД и владите низ светот ќе работат заедно за да ја идентификуваат руската елита и да ги замрзнат нивните средства што се чуваат во тие земји – јахти, луксузни станови, пари и други профити, соопшти Белата куќа.

Ова е списокот на руските олигарси кои ќе бидат санкционирани:

– Николај Токарев (заедно со неговата сопруга Галина, ќерката Маја и неговите две компании за луксузни недвижности)
– Борис Ротенберг (заедно со неговата сопруга Карина и синовите Роман и Борис)
– Аркадиј Ротенберг (заедно со синовите Павел и Игор и ќерката Лилија)
– Сергеј Чемезов (заедно со неговата сопруга Екатерина, синот Станислав и поќерката Анастасија)
– Игор Шувалов (заедно со неговите пет компании, сопругата Олга, синот Евгениј и неговата компанија и авионот и ќерката Марија и нејзината компанија)
– Евгениј Пригожин (заедно со неговите три компании, сопругата Полина, ќерката Љубова и синот Павле),
– Дмитриј Песков, портпарол на Путин
– Алишер Усманов (неговата супер-јахта, една од најголемите во светот што штотуку ја заплени Германија, и неговиот приватен авион, еден од најголемите руски авиони во приватна сопственост)

САД ќе воведат и визи за 19 олигарси и 47 членови на нивните семејства. Тоа ќе биде насочено кон олигарсите за кои е познато дека финансираат, значително поддржуваат или спроведуваат злонамерни активности кои ја поддржуваат дестабилизирачката надворешна политика на Русија, пишува Си Ен Ен.

Британската Влада денеска, исто така, соопшти дека воведува санкции за милијардерот бизнисмен Алишер Усманов и поранешниот руски вицепремиер Игор Шувалов, како дел од казнените мерки поради инвазијата на Москва врз Украина.

Двајцата олигарси, која поседуваат имот од 19 милијарди долари (14 милијарди фунти) и имаат „значајни интереси во Британија и блиски врски со Кремљ“, се „санкционирани со моментален ефект“, соопшти британското Министерство за надворешни работи

Back to top button
Close