САД испраќаат неколку илјади дополнителни војници на Блискиот Исток


САД испраќаат неколку илјади дополнителни војници на Блискиот Исток за да ја зајакнат регионалната безбедност и да бидат подготвени да го одбранат Израел доколку е потребно, соопшти денеска Пентагон.

-Зголеменото присуство ќе дојде во форма на неколку борбени ескадрили, рече портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.

Дополнителните сили што САД ќе ги испратат во регионот се ескадрили од борбени авиони F-15E Strike Eagle, F-16, A-10 и F-22 и персоналот за поддршка потребен за нив. Во принцип има ротација на авиони и таму ги заменуваат ескадрилите, но сега и претходните и новите ќе останат во регионот.

-Авионите нема да бидат назначени за евакуација, рече Синг. Тие ќе бидат таму за да ги заштитат американските сили, додаде портпаролката

Back to top button
Close