САД одобрија доброволно заминување на дел од персоналот на конзулатот во Казахстан

САД соопштија дека им дозволиле на службениците во нивниот генерален конзулат во казахстанскиот град Алмати кои не извршуваат витални функции, како и на семејствата на персоналот на мисијата, ако сакаат да заминат, поради вонредната состојба во Казахстан.

„На 7 јануари 2022 година, Стејт департментот одобри доброволно заминување на вработените од Генералниот конзулат во Алмати и членовите на семејствата“, се вели во соопштението.

„Американските граѓани во Казахстан мора да бидат свесни дека насилните протести може сериозно да влијаат на способноста на американската амбасада да обезбедува конзуларни услуги“, соопшти Стејт департментот.

Back to top button
Close