САД подготвени да укинат некои санкции, Иран бара повеќе

– САД на нуклеарните преговори во Виена изразија подготвеност да повлечат многу од своите санкции против Иран, но Техеран бара повеќе, изјави за државните медиуми иранскиот врховен преговарач Абас Аракчи.
– Податоците што ги добивме од американска страна покажуваат дека тие исто така се сериозни во врска со враќањето во нуклеарниот договор и досега изразија подготвеност да укинат голем дел од санкциите, рече Аракчи за државната иранска телевизија.
Сепак, како што додаде, тоа „не е адекватно“ од гледна точка на Иран и затоа разговорите ќе продолжат сè додека не бидат исполнети сите барања на земјата.