САД покрена оддел со десетина државни обвинители за да ги гонат „корумпираните руски олигарси”


Американското Министерство за правда задолжи десетина државни обвинители да ги гонат „корумпираните руски олигарси” и сите оние кои ги прекршуваат санкциите воведени од Вашингтон кон Москва по инвазијата на Украина.

„Нема да штедиме напори да го истражиме, уапсиме и гониме секој чии криминални активности ѝ овозможуваат на руската влада да ја продолжи оваа неправедна војна”, наведе министерот Мерик Гарланд во изјавата во која ги наведува главните карактеристики на специјалната единица што претходно истиот ден ја објави претседателот Џо Бајден. .

Одделот наречен „Kleptocapture” ќе има повеќе од десет државни обвинители и истражители од федералната полиција, даночните и поштенските служби.

Тие ќе гонат секој кој ќе ги прекрши санкциите воведени кон Русија пред и по почетокот на нападот на Украина, но и идните.

Ќе ја следи усогласеноста со мерките наметнати против руските монетарни институции, следејќи ја, на пример, употребата на криптовалути.

Тие ќе можат да го запленат имотот на поединци кои се цел на санкции доколку е стекнат на „незаконски начин”, додаваат од министерството.

Back to top button
Close