САД се придружија на глобалната борба против онлајн екстремизмот

Во oбид да најдат подобри начини да се спречи ширењето на екстремистичкото насилство на  интернет, технолошки гиганти и влади ширум светот, вклучително и САД за првпат, ќе се соберат денеска и утре како дел од глобалните напори што ги почнаа премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн и францускиот претседател Емануел Макрон во 2019 година по смртоносните напади во нивните земји кои беа споделувани на социјални мрежи.

Владата на САД и четири други земји се приклучуваат на напорите за првпат оваа година, познат како „повик од Крајстчрч“. Иницијативата вклучува околу 50 земји и технолошки компании, вклучувајќи ги Гугл, Фејсбук, Твитер и Амазон.

Иницијативата беше именувана по град од Нов Зеланд каде екстремист уби 51 лице во џамија во 2019 година, а нападот беше пренесуван на Фејсбук.

Целта на состанокот е да се ревитализираат напорите за координација, особено откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде функцијата и вклучување повеќе технолошки компании. Макрон и Ардерн ја поздравија одлуката на САД како потенцијален катализатор за посилно дејствување.

Back to top button
Close