САД со нови санкции кон Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе нов пакет санкции за поединци и компании кои работат на развој на иранската балистичка програма, произведуваат дронови и незаконски продаваат нафта.
Санкционирани се 30 поединци, компании и бродови во сенка.
Санкциите се воведени еден ден пред новата рунда преговори помеѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран.






