САД воведе санкции уште против 11 функциониери на руските оружени сили

Американскиот Стејт Департмент воведе санкции уште против 11 високопостаени функциониери на руските оружени сили и на капацитети од воено-индустрискиот комплекс.

На листата се впишани началникот на Руската национална гарда, Виктор Золотов, шефот на Руската федерална служба за воено-техничка соработка, Дмитри Шугајев, генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александер Михејев, како и осумина заменици-министри во руското Министерство за одбрана.

-Светот застрашено гледаше како Русија изврши смислен, неиспровоциран и неоправдан напад врз Украи на. Продолжената инвазија значи сериозни казни за руските воени лидери. Наведените 11 индивидуи се посочени како лица што раководат или раководеле во одранбениот сектор или на до него блиски стопански капацитети, се наведува во соопштението на Стејт Департментот.

На списокот санкционирани се уште и замениците-министри во Министерството за одбрана Алексеј Криворучко, Тимур Иванов, Јунус-Бек Евкуров, Дмитри Булгаков, Јури Садовенко, Николај Панков, Руслан Цаликов и Генадиј Жидко.

Согласно воведените санкции, на лицата од списокот им се замрзнува нивниот имот во САД, а истовремено им се забранува на сите правни лица од САД каква било деловна соработка со наведените руски функционери

Back to top button
Close