Саемот на книга со продолжено работно време денеска и утре

– Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време денеска и утре.

Работното време за денеска е од 10:00 до 21:00 часот, а за утре е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.

Со цел да се избегнат гужвите на билетарите организаторите потсетуават дека билет за Саем на книга можат да се купи преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари (директен линк: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=3562

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија.

Back to top button
Close