Салиу за трагедијата во Кочани- Не сум виновен се додека не бидам осуден. Министерот лут оти новинарите му ја сликале табличката на службениот автомобил

Министерот без ресор, Шабан Салиу денеска во изјава за медиумите праша една новинарка од која медиумска куќа доаѓа откако му беше поставено прашањето дали чувствува одговорност за трагедијата во Кочани и дали би си дал оставка од морални причини. Откако новинарката му кажа дека доаѓа од Тв Канал 5, Салиу одговори: „Аа, добро“.

-Сакам да знам со кого зборувам, треба да се претставите како новинари. Не е важно. Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Постои општа презумција на невиност- се додека не бидам осуден, не сум виновен и не чувствувам вина. Треба да оставиме судовите да ја водат постапката, рече Салиу за медиумите.

Министерот смета дека не е коректно новинари да сликаат таблички на неговото службено возило откако беше забележан пред неколку дена како се пријавил во Основниот кривичен суд, со оглед дека е опфатен со обвинението за несреќата во кочанската дискотека „Пулс“.

Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување, функција на која беше во периодот од 2008 до 2017 година. Обвинителството го товари за Тешки дела против општата сигурност исто како и останатите 34 ца обвинети, а обвинението се уште е во фаза на оценка во Кривичниот суд.

Премиерот Христијан Мицкоски пред два дена рече дека ќе разговара со Салиу околу негово евентуално разрешување од функцијата.

Back to top button
Close