Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа
Американскиот сенатор Берни Сандерс изјави дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху врши „воени злосторства“ и „етничко чистење“ во Газа.
„Не се борите против тероризмот со гладување луѓе и убивање десетици илјади цивили“, нагласи Сандерс (82) во објавата на „X“, јави Ал Џезира.
Сандерс се согласи со Моше Јаалон, министер за одбрана на Нетанјаху од 2013 до 2016 година, кој во неделата го обвини Израел за воени злосторства и етничко чистење во Газа