Санкционирани 121 возач за брзо возење
![]()
При вчерашната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 121 возач, соопшти МВР.
Од нив едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР






