Санкционирани 330 возачи поради пребрзо возење

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи.

Од нив, како што посочуваат од МВР, 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Back to top button
Close