Сaнкционирани 80 возачи за брзо возење на територијата на СВР Куманово

– Во периодот од 9 до 15 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санционирани 80 возачи.
Како што информираат од МВР на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од Министерството.