Саутемптон по 119 години исфрли бранител на трофејот во ФА купот

Англискиот ФА куп сезонава ќе добие нов владетел, откако бранителот на трофејот Арсенал загуби попладнево во шеснаесетфиналето од Саутемптон со 1:0.

Домаќините обезбедија пласман во следната рунда благодарение на автоголот на Бразилецот Габриел во 24 минута.

Со триумфот Саутемптон успеа да елиминира актуелен освојувач на англискиот ФА Куп, првпат во клупската историја од 1902 година.

Саутемптон во осминафиналето го чека уште една премиерлигашка пресметка, против Вулверхемптон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close