„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,“, рече Стојанче Јовановски на првото рочиште
Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата Ивана на првото рочиште рече дека ги разбира првите две дела за кои е обвинет, односно за „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“, ама третото дело, „Наведување на самоубиство и помагање на самоубиство“ не го разбира. Судијата му го прочита пак, а тој повтори дека го разбрал.

„Се чувствувам виновен за телесната повреда, за другото не. Таа мене ме изневеруваше, се работи за неверство“, рече Стојанче.
Почна да плаче, рече дека никој не сака да го сослуша. Почна да липа и неразбирливо да зборува. Судијата го прекина и му објасни дека мора да се изјасни за сите три дела.
„Мартин Саздов ја наведе да се самоубие. Мартин ѝ се закануваше цело време, ѝ рече оди фрли се под воз, неговите зборови ги става во моја уста. Не можам да се смирам, Мартин Саздов ми го упропасти семејството“, рече Стојанче со липање.
Обвинетиот зборуваше неразбирливо, а судијата го испрати надвор да се напие вода и да се смири. Потоа судијата Ивица Стефановски му рече да се изјасни без плачење, и го праша дали дава признание за првите две кривични дела, а за третото не, на што Стојанче одговори потврдно.
…






