СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за случајот со злоупотреба на пари од европски фондови во Министерството за земјоделство во 2015 година
Од владејачкиот СДСМ обвинуваат дека за случајот со проектот од 2015 година за софтвер во Министерството за земјоделство вреден 660 000 евра, одговорноста е кај ВМРО-ДПМНЕ која тогаш била на власт
Вчера министерот за земјоделство Љупчо Николовски информираше дека Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите за проектот
Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјодество, шумарство и водостопанство на СДСМ
ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата, обвинија од владејачкиот СДСМ посочувајќи дека најнов доказ за тоа е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите.
Станува збор за проект од 2015 година вреден 660 000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за што вчера информираше и ресорниот министер Љупчо Николовски.
„Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков, а премиер на таа Влада преводена од ДПМНЕ е Никола Груевски. Во таа Влада советник за енергетика бил сегашниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ДПМНЕ и поединци од таа партија, освен што краделе од граѓаните, правеле проневери и со пари од европски фондови“вели Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјодество, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Димковски рече дека актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство доставило конкретен предмет со конкретни правни дејства.
„Апелираме Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени“рече Димковски.
Тој смета дека ова е криминален случај кој, освен што го има оштетено државниот Буџет, фрла дамка и врз репутацијата на нашата држава која, како што рече, последниве години е лидер во регионот во искористеноста на средствата од ИПАРД програмите. „Одговорност за секој криминал, мора да има“, порача Димковски.
Инаку, вчера министерот за земјоделство Љупчо Николовски информираше дека Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите за проект од 2015 година вреден 660 илјади евра.
Европската служба против измами препорача Македонија да ги врати парите за проект за софтвер во Министерството за земјоделство
Минатата недела амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) отворила истраги и подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотреба на европски фондови.
Луѓето што ги злоупотребуваат европските фондови ги мамат и граѓаните на Северна Македонија, вели евроамбасадорот Гир