СДСМ: Анализа на програмата Македонија 2030
ВМРО-ДПМНЕ на својот 18.Конгрес усвои нов стратешки документ за развој на државата во следната деценија, под назив „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Вака почнува најавата за уште еднаш копи-пејст (препишана) програма Србија 2030.
Почнувате да читате.
Вештачка интелигенција, стратегија, циклични импровизации, сајбер безбедност, геоекономска дипломатија, фонд за технологии, иновации, научни истражувања…
Впечаток?
Во ВМРО-ДПМНЕ работат луѓе од НАСА-центарот.
Вистинска научна фантастика.
Програмата се заснова на шест столбови.
Што претставуваат овие столбови?
Столбовите се силни, симболика на темелот на општеството, на нив сè почива. Можеби се религиски. Шесте дена на библиското создавање? Не е сигурно. Веруваме дека ова го напишале набрзина.
Кој би знаел?! Можеби е препишано…
Да почнеме со анализата:
Првиот столб:
„Национална безбедност – модерна армија.“
Добро, ова го реши СДСМ во 2020 година кога ја внесе Македонија во НАТО.
Со тоа Македонија стана полноправна членка и самото тоа ѝ ја обезбеди заштитата од сите 32 членки на алијансата. Ете, веќе решено.
Одиме понатаму…
Вториот столб:
„Економска конкурентност, промена на моделот на евтина работна сила.“
Во времето на владеењето на ВМРО (2006–2017), Македонија привлекуваше странски инвестиции токму преку ниски плати и даночни олеснувања, што доведе до одлив на мозоци. Повеќе од 600.000 луѓе ја напуштија земјата. Денеска странските инвеститори ја напуштаат Македонија. Оваа година имаме пад од околу 600 милиони евра.
Не знаеме како мислат да го сменат ова, освен ако не мислат на мигранти?! Тогаш е сè решливо, тоа веќе е договорено.
Понатаму…
Третиот столб:
„Правна држава – независно судство, департизирана администрација и механизми за системска борба против корупцијата.“
Добро, малку хумор не е на одмет, но ова е веќе премногу. Ова е за да те заболи стомакот од смеење. Нема врска, убаво и симпатично, одиме понатаму…
Четвртиот столб:
„Поддршка за младите, програми за поврат на дијаспората.“
На ова веќе се работи, само што ги помешале мигрантите со младите. Мигрантите не се нашата млада дијаспора, иако за мигрантите се добива 20.000 фунти по човек (звучи интересно), но целната група е промашена.
Одиме понатаму…
Петтиот столб:
„Европска интеграција и надворешна политика заснована на партнерства.“
Добро, ова лесно се решава. Велиш јавно – нема преговори. Со тоа покажуваш дека си заинтересиран за партнерство. Се повикуваш на патриотизам. Ја чуваш земјата од предавници. Го пушташ европскиот коридор да ја заобиколи земјата, не правиш реформи.
Главно, правиш сè спротивно од соседите во регионот, кои во 2028 година стануваат членки (на пример, Црна Гора или Албанија). Ова сигурно ќе даде резултати.
Овој дел од програмата требаше да се вика „Црна точка на ЕУ“. Би било многу полесно за објаснување. Но добро, понатаму…
Шестиот столб:
„Образованието, културата и националниот идентитет.“
Ова започна уште со проектот на Никола Груевски „Скопје 2014“, кој чинеше 600 милиони евра само за споменици. Можеби треба да се продолжи – да се нарачаат уште лавови и стиропор за антички згради?!
Во однос на културата, можеби да се направи уште еден уметнички мост?
Школите тогаш беа прескокнати, можеби и сега не се толку важни. Можеби да се напише уште една книга по историја, да се додаде малку антиквизација.
Сепак, повеќе од половина програма е веќе завршена.
Националниот идентитет? Тоа барем е лесно. Правиш поделби во општеството на патриоти и предавници. Тука треба многу медиумски простор, но е брзо и лесно изводливо. Ете ти европски вредности.
Тоа би било тоа! Според изгледот, сè е скоро па решено. Уште само малку фино дотерување до 2030.
Оваа научно-технолошка револуција на ВМРО ја доведува во прашање Дарвиновата теорија на еволуција, па се прашуваме, дали сме мајмуни?
Можеби подобро ќе беше да ја наречат програмата „Одисеја 2030“.






