СДСМ: Дали Стоилковиќ е офицер за врски со СНС и Русија во владата на Мицкоски?

„Вицепремиерот во Владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ присуствувал на настан во Република Српска, со путиновите „Ноќни волци“. Во објавата на социјалните мрежи Стоилковиќ дури се фали дека на овие настани повеќе од него присуствувал само Никола Селаковиќ, српски министер за култура кој е обвинет за сакндалот со Генералштабот и за кој има закажано судење на 4 февруари“, соопштија утрво од СДСМ.
„Ова доаѓа поради голем корупциски скандал откако Џаред Кушнер, зетот на Трамп, ја повлече својата фирма од проектот во Белград поради корупција и криминал.
Дали ова е мафијашкиот филм за кој зборува тендер парнерот на Мицкоски, Максим и ЗНАМ?
Не е ова коинциденција. Ова е доказ за сè што зборува СДСМ и за поврзаноста на ВМРО на Мицкоски и СНС на Вучиќ.
Заедно и изборите ги најавија на Божиќ, на најголемиот христијански празник, само Вучиќ еден час пред Мицкоски, тоа беше разликата.
Се прават заедно, copy-paste!
Уште заедно се и со путиновите Ноќни волци. Има ли сега некој што не му е јасно?
Дали Стоилковиќ е офицер за врски со СНС и Русија во владата на Мицкоски?
Дали сега на сите им е јасна анти – ЕУ кампањата на владата на Мицкоски, намерната изолација за да продолжат криминалните тендери?“, додаваат оттаму.
Извор: lokalno.mk






