СДСМ: Каква лага, не може Милошоски да каже дека Урсула фон дер Лајен лаже

Антонио Милошоски пишува дека СДСМ оставила отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за македонскиот јазик во ЕУ.

Каква лага!

Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже?

Таа му кажа на Мицкоски в лице: Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик.

Мицкоски рече: Преспа е ремек-дело на дипломатијата. Сиљановска рече: јазикот и идентитетот се заштитени, тоа е апсолвирано. Македонија на чист македонски јазик го потпиша договорот за Фронтекс.

Сè стои. Сè е потврдено. Од претседателката на Комисијата, од претседателката на државата, од самиот арамија.

Доста повеќе со лаги. Не можете да кажете дека Урсула фон дер Лајен лаже. Не можете да ја препишете вистината на претходната влада, па да ја обвините за тоа што самите го блокирате европскиот пат.

Реформите стојат во место. Вториот рок истече, на 1. јуни беше ветувањето. Нема ни глас од тоа ветување. Затоа патоказ добиваат другите земји, додека Македонија е во изолација.

СДСМ пред изборите кажа, а денес тоа е и на хартија и во лице- дека јазикот и идентитетот се заштитени.

Бандата бега од Лаура Ковеши, не од Бугарија.

Народот гледа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните, а бандата ќе одговара и пред независното судство и пред Лаура Ковеши.

 

 

 

Back to top button
Close