СДСМ: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус

Соопштение на СДСМ

Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците и откривме како приватни фирми плаќаат лоби за Мицкоски!

Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.

Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.

Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови.

📣 Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра.

❓ Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?

Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија?

Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски!

Сè е јасно.

Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни.

🤝 Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.

📉 ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.

Не постои друга опозиција во Македонија.

Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.

✊ Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот.

⛔ ЗНАМ 2.0 нема да помине!

✊ No pasaran!

Back to top button
Close