СДСМ: Мицкоски повторно слеп за самоволието на Гаши, МВР да ги покаже налозите

Соопштение на СДСМ:

Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не запираат и секој следен е поскандалозен од претходниот. Најновото своеволие на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврдува дека не само што немаат намера да престанат со прекршување на правилата, туку тоа ќе го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните. По објавите на медиумите, дека Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово, денес институциите МВР и Собрание должат повеќе одговори. Вчерашните неуспешни обиди да ја заташкаат веста нема да им поминат

Back to top button
Close