СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот!
Соопштение на СДСМ
ВМРО-ОКГ вчера, по реакцијата на европскиот известител Томас Вајц дека неговото интервју во кое вели дека нема никаков напредок на реформите во Македонија е старо, веднаш направи напад врз СДСМ.

Европскиот пратеник Томас Вајц изјави дека неговото интервју за бугарската телевизија е старо (снимено пред повеќе од седум недели, на почетокот на март) и дека Северна Македонија во меѓувреме забележала некаков напредок.
Вајц истакна дека земјата уште има време да ги исполни обврските од реформската агенда до јуни.
Истовремено, Вајц повторно потврди дека „основниот и клучен услов за напредок и за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија”.
Без тоа, според неговите зборови, нема да има понатамошни чекори.Значи ли ова дека Мицкоски и ВМРО-ОКГ се подготвуваат да го направат она што јавно го негираат: да внесат Бугари во Уставот?!
Ова е голема вест за граѓаните на Македонија и голем чекор кон продолжување на ЕУ интеграциите.
Граѓаните имаат право да ја знаат вистината.
Нека Мицкоски и владата јасно и јавно кажат:
Дали се подготвуваат да го менуваат Уставот за да внесат малцинства, а со тоа и Бугари?
Со оглед на тоа дека тоа е единствената работа која моментално може да ја помести
Македонија од мртвата точка во преговорите.
СДСМ останува на ставот дека европската иднина на Македонија не смее да се гради на уцени, туку на вистински реформи и почитување на македонскиот идентитет.
Прашањето за малцинствата во Уставот не смее и не може да биде дел од проблемот






