СДСМ: Наместо да спречува, полицијата со своето неделување поттикнуваше и охрабруваше прекршување на забраните за движење и групирање

 

Неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и на неговите кадри е очигледна и штетна за јавното здравје.

Сарај, Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Тетово се само дел од општините и каде во текот на викендот масовно се прекршуваше полицискиот час додека полицијата на Чулев не презеде ништо.

Наместо да спречува, полицијата на Наќе Чулев со своето неделување поттикнуваше и охрабруваше прекршување на забраните за движење и групирање.

Тоа придонесе прекршувањата на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, да станат многу побројни, што влијаеше и врз зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус.

Мицкоски, Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење.

За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.

Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш.

 

 

 

Back to top button
Close