СДСМ: „Наркодилерот Цуната е пуштен да избега, СДСМ бара одговорност од Тошковски“
СДСМ преку соопштение обвини дека лицето познато како Цуната, кое според партијата е осомничено за трговија со дрога, било пуштено да избега од државата и побара политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Од СДСМ тврдат дека Цуната, кого го поврзуваат и со случајот „Пулс“, прво избегал од полициска станица, а потоа, како што наведуваат, без пречки ја напуштил државата.
„Сега, откако го пуштија да избега, МВР распиша потерница. Каков блам, каков театар“, соопштија од СДСМ.
Партијата оценува дека станува збор за сериозен безбедносен скандал кој, според нив, отвора сомнежи за злоупотреби и побара оставка од министерот Тошковски, како и одговорност од сите инволвирани во случајот.
Во соопштение СДСМ потсетува и на претходни случаи поврзани со Министерството за внатрешни работи, наведувајќи дека Тошковски треба да понесе одговорност и за, како што велат, пропустите во борбата против организираниот криминал.
„Панче – оставка!“, порачуваат од СДСМ.






