СДСМ: Не може 4.700 луѓе да завршат во болница, цел град да биде изложен на ризик, а никој да не одговара

Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи.

 

Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“.

 

Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз основа на која анализа Мицкоски тврдеше дека е технички исправна?

 

Кој дозволил граѓаните да ја користат?

 

Кој ставил потпис дека е безбедна?

 

Каде е официјалниот извештај?

 

Ниту една анализа со која би се потврдиле тврдењата на Мицкоски не беше објавена пред јавноста.

 

Очигледно, за оваа власт не бил потребен документ, анализа или потпис. Доволно било „експертот“ Мицкоски да каже дека водата е исправна.

 

Со здравјето на луѓето не смее да се игра.

Не може 4.700 луѓе да завршат во болница, цел град да биде изложен на ризик, институциите да потфрлат, а никој да не одговара.

Ова е здравствена катастрофа и целосен распад на институциите.

Доста молчи Јавното обвинителство.

Савески, наместо на екскурзија, веднаш да отвори постапка и да утврди кој во власта ќе одговара.

За труењето на граѓаните мора да има одговорност.

Back to top button
Close