СДСМ: Не само морална – туку и кривична одговорност за Гостивар
Мицкоски вели дека локалната власт во Гостивар треба да поднесе морална одговорност за труењето. Ова е уште еден обид за бегство од одговорност. Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој, се вели во соопштението од СДСМ.

Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето во Гостивар од толку голем обем.
Информацијата за труењето и загаденоста на водата се криеше 5 дена, системот, надлежните институции не реагираа навреме.
Но, ова не е само случај на лошо управување. Ова е дел од пошироката слика – отсуство на реформи во секоја област, особено во правосудството и целосна контрола врз институциите.
Затоа и нема реформи. Затоа што Мицкоски не сака независно судство и обвинителство.
Затоа што сака да може преку собраниска говорница, медиуми и телефон да нарача политички пресметки.
Затоа Европската унија враќа закони, а Европската комисија во извештаите ја опишува катастрофалната состојба во судството и обвинителството.
Затоа Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност.
Затоа што добро знае дека ако се отвори прашањето за кривична одговорност, прв на ред ќе биде тој, а потоа и целата негова Влада заедно со партнерите од тендер-коалицијата.
Сите тие знаат каде завршуваат – во Шутка и Идризово.






