СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром
Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка актуелниот градоначалник Сашко Митовски.
Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, Лозово, Чешиново Облешево, Богданци, Дојран, Могила, Неготино, Крушево,…
– Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои првпат некои повторно, рече Филипче.
Тој најави дека во наредните недели ќе ги објават имињата на кандидатите и за останатите општини.
Има општини, како што рече, за кои разговараат да поддржат и други кандидати освен од СДСМ.
За кандидатите што ги објави Филипче согласност треба да даде и Централниот одбор на партијата.