СДСМ: Платформата ЗНАМ 2.0 исто како Мицкоски, Ќуркчиев вчера едно – денеска друго

Платформата ЗНАМ 2.0 работи исто како Христијан Мицкоски кој ги плаќа со 1.6 милиони евра.
Мицкоски вели „нула денари” следниот ден излегува дека се 5,5 милиони евра.
Ќуркчиев вчера вели дека е „пензионер кој има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија”. Денеска тврди дека документите што ги објавивме се „монтирани„ и „фалсификат”.
Како Мицкоски.
Само што за Мицкоски буџетот е 5.5 милиони евра а за ЗНАМ 2.0 буџетот е 1.6 милиони евра.
Сега откако јавноста виде колку и на кој начин се плаќа Платформата на Мицкоски ЗНАМ 2.0 нема бегање од вистината.
Документите коишто ги објави СДСМ се јавно достапни и тие се составен дел од тендерската документација.
Така да, едвај чекаме тужба и да одиме на суд.
Па да ги објавиме и другите документи.
На пример, овој документ којшто ја покажува и врската со Максим Димитриевски.
Максо потпишал дозвола за интегрирана еколошка дозвола за потребите на фирмата со којашто соработува и ја преставува Ќуркчиев.
Секако, Маким Димитриевски,  ЗНАМ 1.0.
Таму потпишува ЗНАМ 1.0, за на друго место да потпишува ЗНАМ 2.0.
Затоа едвај чекаме тужба, исто како што и Стоилковиќ ни се закани па сега никаде го нема, а ние сме спреми со документите за неговата соработка со БИА.
Имаме две пораки за сите.
За вас СДСМ вреди 1,6 милиони евра но СДСМ не е на продажба. СДСМ нема да игра како што свири диџеј Мицкоски.
СДСМ не се продава.
А вие сите ќе одговарате. За предавството ќе ве казнат граѓаните, а за криминалот наскоро ќе одговарате пред слободно судство и независно обвинителство.

Back to top button
Close