СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот
Соопштение на СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората.
Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори.
Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада?
Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , за чисти избори, зошто тоа не го предложи сама?
Ако е за фер избори, зошто не каже јасно кои се проблемите со електронското гласање и зошто ВМРО-ОКГ инсистира токму на модел кој, како што самата признава, се применува во само две или три земји?
Кога се знае кој ја води државата – Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, воведувањето на ризичен модел на гласање е исто како да му се дадат клучевите од трезорот на осуден крадец на банка и да се надеваме дека ништо нема да фали.
Да потсетиме: Претседателката е членка на партија која организираше изборни кражби. Ако не учествувала директно, еднакво е одговорна затоа што молчеше.
Како претседателка на сите граѓани, нејзината функција не се сведува само на протокол, танц и јога. Таа има обврска да се бори за еднаквост пред законот за секој граѓанин на Македонија.
Како професорка по право која веќе призна дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет и јазикот, таа можеше и требаше јасно да каже дека ослободувањето на Никола Груевски и на нивниот медиумски шеф Драган Павловиќ Латас е катастрофално за сите граѓани.
Со тоа се покажа дека законот не важи еднакво за сите.
Можеше да каже и дека враќањето на „Бела палата” – имот стекнат со криминал и корупција – е преседан невиден во ниедна европска држава.
Наместо тоа, Претседателката избра да зборува само за делови од Изборниот законик кои одговараат на ВМРО-ОКГ.
Тоа не е грижа за дијаспората. Тоа е селективна политичка позиција која го штити режимот, а не интересот на граѓаните






