СДСМ: Сликите не лажат, a ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка

Во соопштение до јавноста, СДСМ изјавува:

ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција. Првиот асфалт на експресниот пат Страцин – Крива Паланка е поставен уште во 2023 година.

Од увид во веќе започнатиот процес за асфалтирање има слики и објава на официјалната Фејсбук страница на Јавното претпријатие за државни патишта на 23 ноември 2023 година.

Китењето со туѓи перја е едно но ова патолошко лаже ДПМНЕ зборува за нив и покажува колку се неспособни па мора да измислуваат дека нешто направиле. За експресниот пат Страцин – Крива Паланка ДПМНЕ само пресече лента и направи неколку стотина метри асфалт и ништо друго. А како опозиција го блокираше проектот во Собранието.

Проектот за експресниот пат Страцин – Крива Паланка беше почнат во 2018 година, првиот асфалт беше поставен во 2023 година и над 90% беше завршен до првата половина на 2024 година, во време на СДСМ. Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше да се заврши уште во 2024 година.

Очекуваме и Мицкоски и ДПМНЕ денеска да излезат и да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа.

Back to top button
Close