СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии. Екскурзија е организирано патување на група луѓе – најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување, велат од опозициската СДСМ.

„Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски.

Одвои осум дена. Остануваат уште седум.

Четири дена Брисел – „стручна екскурзија“.

Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог.

Ќе почекаме да се врати.

Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош.

Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош – напротив, феноменален.

Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи.

Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа.

Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт.

Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената.

Затоа и го зеле седиштето 11D – да може да ги испружи.

Со нетрпение го чекаме. Ќе имаме многу да учиме“, се вели во соопштението. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close