СДСМ: Украденото мора да се врати кај народот
„Во време кога во буџетот недостасуваат 2 милијарди евра зад грбот на народот власта спроведува грабеж преку криминални тендери, се вели во соопштението од СДСМ.

„161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери“ велат од СДСМ.
Велат „Одговорноста треба да почне од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот, во врвот на власта“.
„Наместо празни зборови кои служат само за промоција, Мицкоски нека ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и нека почнат од 161 тендер, па на 51 тендер, па на тендерот во Пошта. Не може таму, тие му се тендерските другари и шефот на кабинет, па незгодно нели?“ е ставот на опозициската партија






