СДСМ: Уште нема официјален документ за водата во Гостивар

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри?, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи:
Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата.
Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја.
Гостивар, Крушево, Маврово…
Водата или е загадена, или нема струја за хлорирање, или се чисти превентивно.
А одговорни – нема.
Министерот за полиција и хиперхлоризација држи прес-конференции за вода.
Градоначалници пуштаат дронови.
Мицкоски најавува „техничка вода“.
А граѓаните сè уште чекаат еден едноставен документ: Официјални анализи, со потпис и печат.
Додека не видиме кој го потпишал извештајот дека водата е техничка и исправна за капење – нема одговорно лице.
Како и секогаш.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






