СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници
Соопштение на СДСМ

Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10000 странски работници во земјата во 2026 година. Одлуката од денеска стапува во сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани, од дури 4 500 лица. Доаѓаат таканаречените економски работници, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Иако во Македонија сè уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена.
Сè беше подготвено, сега само се реализира планот.
Склучија стратешки договор за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странците, со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа.
Ги скратија процедурите, го продолжија времетраењето на дозволите. Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има стратешки парнер секако.
Донесоа резолуција – декрет за да ѝ забранат на опозицијата да говори за мигранти.
Тоа што се подготвуваше, почна






