Се бара притвор за Ива Михаилова

Утрово до надлежниот суд е доставен предлог за определување мерка притвор за Ива Михаилова, која замина во Бугарија и покрај судската забрана за напуштање на државата.

Случајот со Михаилова синоќа предизвика реакции откако таа ја напушти Македонија и замина во Бугарија, иако, според претходните информации, имала судска забрана за напуштање на земјата.

Инаку, Михаилова е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

МВР соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез.

Михаилова и нејзиниот бугарски адвокат тврдат дека преминале преку граница со лични документи, објави 4news.mk Македонските институции, според досега објавените информации, велат дека такво преминување не е регистрирано.

Извор: 4news.mk 

Back to top button
Close