Се бараат средства за затоплување на салата во Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип
Протекува кровот на штипскиот Народен Театар, во изминатите пет децении реконструирани се само тоалетите. Новиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стеваноски најави дека се прават напори за да се реконструира овој објект, но во лоша состојба е и зградата на Домот на културата. Во неа нема греење, па големата сала во текот на зимата е затворена за настани, односно нема културно-уметнички настани од ноември до март.
-Мене повеќе ме загрижува Домот на културата, бидејќи искрено и реално од периодот од ноември до март е под клуч. Немаме никакво греење, тоа не е од сега туку со години наназад. Таму имаме 618 седишта, каде што за да се стопли тој простор и таа сцена и таа огромна сала е навистина голем предизвик. Во план е реконструкција и на таа сала, рече Стевановски.
Изминатиот период променета е влезната врата на штипскиот Центар за култура со што се поместуваат работите од мртва точка, а како што вели Стевановски, се работи со целиот тим за да се подобрат работите. Стевановски додава дека треба да се работи и на вработување на нов кадар, бидејќи голем дел од вработени одат во пензија, а нивните места не се пополнуваат