Се хранела здраво, сама готвела, а сепак се разболела: Што се е дел од режимот на исхрана на Кејт Мидлтон
Принцезата Кејт Мидлтон по операцијата на абдоменот во јануари откри дека има рак. Исхраната на Кејт Мидлтон била здрава, па сите се прашуваат кои се причините за развој на ракот.
Режимот на исхрана на Мидлтон е најгугланата диета во кралското семејство, со дури 55.000 пребарувања годишно ширум светот. Според она што е познато за секојдневната исхрана на Кејт, таа и нејзиното семејство сакаат да јадат различни хранливи, вкусни оброци, а принцезата, наводно, самата готви и сака да ги вклучува и своите деца во процесот на готвење, па заедно прават тестенини или пица.
За почеток на денот, Кејт подготвува обилен, енергичен појадок како овесна каша, која е богата со протеини, влакна и јаглехидрати.
Не само што овесот е познат по своите својства за намалување на холестеролот, па Кејт покрива неколку здравствени придобивки со оваа утринска храна.
За да го постигне сјајот на косата и кожата, војвотката го зголемува внесот на антиоксиданти со тоа што подготвува домашни смути. Забележано е дека Кејт сака да меша кељ, спанаќ, зелена салата, спирулина (вид алги) и боровинки. Пијалокот е богат со хранливи материи и антиоксиданси.
Ручекот на Мидлтон
Како што одминува денот, продолжува да јаде храна богата со антиоксиданси, внимавајќи да вклучи многу сирови состојки во нејзиниот ручек. Се вели дека салата од лубеница со авокадо, кромид, краставици и фета сирење е еден од нејзините најчести оброци.
И иако не е вегетаријанка, Кејт претпочита да јаде претежно вегетаријански јадења за ручек, а омилени ѝ се раженчиња од зеленчук и кари од леќа. Всушност, за време на нејзината и Вилијам кралската турнеја низ Индија во 2016 година, готвачот Рагу Деора, откри: Се беше вегетаријанско бидејќи ми беше пренесено дека тоа преферираат.
Меѓуоброци
Мидлтон често јадела маслинки. За време на нејзината посета на лондонската болница „Грејт Ормонд Стрит“ во 2018 година споделила со друг пациент: И јас јадев многу, многу маслинки кога бев мала. Сега и се омилени на мојата ќерка Шарлот
Што јаде Кејт Мидлтон за вечера?
Додека Кејт избира полесни опции за појадок и ручек, се знае дека нејзините вечери се позначајни. А за војвотката тоа значи дека ќе зготви нешто традиционално и вкусно. „Навечер таа се препушта на своето хоби да ја готви омилената вечера на Вилијам, печеното пилешко“, изјавила Кејти Никол, кралска дописничка за „Венити фер“ во 2012 година.
Кејт, исто така, во минатото изјави дека често готви оброци со своите деца, како домашна пица и тестенини. И кога не ужива во домашно зготвен оброк во палатата Кенсингтон, војвотката сака да јаде суши.