Се испитува зошто откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ


Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“.

Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла.

Back to top button
Close