Се молат Британците да не оставаат сендвичи со џем во чест на Кралицата

Добронамерните кои оставаат цвеќе и различни сувенири во чест на починатата британската кралица Елизабета Втора не би требало да оставаат сендвичи со мармалад во Грин Парк во нејзина чест, бидејќи тоа создава „негативно влијание на дивите животни во паркот“, соопшти персоналот на организацијата „Royal Parks“.

По комичниот скеч меѓу мечињата Падингтон и кралицата, сниман претходно годинава со прославата на нејзиниот платинест јубилеј на тронот, во кој сендвичите со мармелад беа клучна тема на разговорот, некои ожалостени Британци ја оставаат омилената закуска на кралицата со цвеќето пред Бакингемскиот дворец и во соседниот Грин Парк.

Меѓутоа, организацијата „Royal Parks“ задолжена за делот „Floral Tribute Garden“ во Грин Парк објави дека ги „моли граѓаните да не ги оставаат сендвичите со мармалад поради негативното влијание на дивите животни во паркот“.

Натажените Британци и натаму може да оставаат кадифени мечиња и други предмети, наведува организацијата, но нејзините претставници додаваат дека „подобро е и да се воздржат и од тоа“ поради одржувањето, како и дека би било подобро да носат цвеќе, по можност без целофански омот.

Back to top button
Close