Се одржа и вториот настан од проектот “Заеднички Темели” на тема “Филм и театар”

Вчеравечер во рамки на проектот “Заеднички Темели”, се одржа и вториот настан на тема Филм и театар. Настанот за промоција на истакнатите доајени на албанскиот филм и театар во Република Северна Македонија од осамостојувањето до денеска, има за цел да ги претстави сите предизвици и успеси со кои се соочиле во минатото, и како тие влијаеле за развој на албанската нација во државата

На настанот беше промовиран и прикажан краток документарен филм во кој говореа голем број на истакнати филмски и театарски работници, помеѓу кои и Владимир Милчин, кој го истакна придонесот и успесите. Истиот документарен филм ќе биде прикажан оваа недела на ТВ21. По завршувањето на официјалната промоција, гостите ги забавуваше познатиот албански пејач и тенор Мустафа Имери.

Низ годините во Република Северна Македонија, албанската култура и традиција преку киното и театарот придонесувале за развој и препознавање на нашиот мултиетнички карактер, прикажувајќи ја сликата на албанскиот народ преку разни филмови и претстави, не само кај нас, туку и низ светот. Истакнатите дејци од овие професии макотрпно и храбро вложуваа во секој збор, во секој настап, во секоја приказна скроена со што придонесоа за голем напредок во развивање на културата.

Проектот “Заеднички Темели” по повод 30 годишнината од независноста на Република Северна Македонија ќе одржи 6 настани на 6 различни теми, како книжевноста, уметноста, јазикот, спортот, филмот и театарот, и соживотот во РСМ, а се финансирани од страна на Генералниот Секретаријат на владата на РСМ преку финансиска поддршка на агенциите за организирање настани.

Back to top button
Close