Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со соопштение откако во јавноста се објави дека притворен е директорот на А-репрезентацијата, Дени Масев. Од ФФМ велат дека тој веќе е разрешен, а федерацијата нема информации за неговите лични постапки.
„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација.
Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица. Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата.
Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, велат од ФФМ.
Од Фудбалската федерација на Македонија истакнаа дека нема да коментираат повеќе за овој случај.